сабота, 27 јули 2024

Наскоро ќе биде номиниран кандидат–лектор по македонски јазик, најавено од Универзитетот во Тирана

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од македпонската Амбасада во Тирана понатаму се вели:

Проф. Мојсова – Чипушевска ја презентираше програмата на Филолошкиот факултет и во таа насока начинот на организирањето на лекторатите по македонски јазик. Информираше дека се преземени неопходните активности за избор на лектор. Го потенцираше значењето на Меѓународниот семинар по македонски јазик кој постои 56 години. Изрази спремност за прифаќање на учесници на истиот во текот на месец август. Ја потенцираше нашата заинтересираност за почеток на предавањата за следната 23/24 школска година, со цел постепено подигање на неопходните нивоа.

Деканката Кромида поздравувајќи ја иницијативата на амбасадорот Марковски истакна дека во следните недели очекуваат номинирање на кандидат – лектор со цел итна изработка на неопходниот курикулум и другите документи неопходни за организирање настава. Потенцира дека Факултетот од своја страна ќе преземе активности за популаризација на македонскиот јазик меѓу студентите и негово поставување во програмата на распоредот на предметите. За почеток предложи во првиот семестар утврдување на 4 кредити, а согласно развојот на интересот ќе се зголемува програмата со вклучување на македонски јазик и култура. Таа потенцира дека со иницијативата е запознаен и ректорот на Универзитетот.

На средбата беа разгледани и други прашања и иницијативи од заеднички интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ