понеделник, 20 мај 2024

„Насекаде“ – нова поетска книга од епископот Давид Нинов

Во издание на „Макавеј“ излезе од печат новата поетска книга на епископот дремвитски Давид Нинов, насловена „Насекаде“.

Објавено на

часот

Сподели

Новото поетско огласување на епископот Давид Нинов е составено од четириесетина песни посветени на истражувањето и толкувањето на духовните и филозофските екстракти од човеково битие.

„Очигледно, Епископот дремвитски г. Давид, никогаш не престанал да пишува и стиховите од оваа книга ги пишувал насекаде каде што патувал, од Атина и Ерусалим, потоа Света Гора и Синај, преку Лос Анџелес и Чикаго, до, на пример, Сиднеј и јужноафриканскиот Јоханесбург. Таа отвореност насекаде за средба со другиот, со различниот, прави стварноста во стихозбирката ‘Насекаде’ да биде видена низ призмата на иднината, низ призмата на непоимливото, и, на еден парадоксален начин есхатолошкото да биде оприсутнето сега и овде, а непоимливото истовремено да стане поимливо! Следствено, поетскиот израз на Епископот Давид отстапува од секојдневната, практичната норма и со неговата трансцеденталност станува посложен и подоблесен, како автентична поетика“, се констатира во издавачката препорака за книгата.

Реализацијата на ова издание на „Макавеј“ е со поддршка на Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ