Отеро верува дека неговата куќа била погодена од дел од товарен контејнер со стари батерии кои НАСА ги исфрлила од ИСС во 2021 година. Контејнерот, како што предвидува агенцијата, требало да изгори безопасно над земјината атмосфера на 8 март.
Отеро, исто така, објави снимка од својата надзорна камера на која се слуша како објект пробива низ покривот во 14:34 часот по локално време. „Значи, тоа е 19:34 УТЦ, што е во согласност со проценката на Вселенските сили за влезот во атмосферата над Заливот – 19:29 УТЦ. Мислам дека можеби сте во право и се работи за контејнер на батерии ЕП-9“, коментираше на неговата објава астрофизичарот Џонатан Мекдауел.
Hello. Looks like one of those pieces missed Ft Myers and landed in my house in Naples.
Tore through the roof and went thru 2 floors. Almost his my son.
Can you please assist with getting NASA to connect with me? I’ve left messages and emails without a response. pic.twitter.com/Yi29f3EwyV— Alejandro Otero (@Alejandro0tero) March 15, 2024
Наскоро се јави и НАСА. „Во договор со сопственикот на куќата, го собравме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата“, изјави НАСА за АФП во вторникот.
Според извештајот на Арс Техника, батериите биле во сопственост на НАСА, но се наоѓале во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција – што потенцијално ја комплицира одговорноста за штетата настаната на домот.
Ова не е прв пат „вселенско ѓубре“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата Спејсекс Драгон падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.