петок, 27 декември 2024

НАСА истражува мистериозен „вселенски објект“ кој паднал во куќа на Флорида (ФОТО)

НАСА во вторникот соопшти дека анализира објект што неодамна паднал од „небото“ на дом на Флорида. Веројатно се работи за фрагмент од отфрлен дел од Меѓународната вселенска станица (ИСС). Алехандро Отеро на Икс објави дека неидентификуван предмет го пробил покривот и поминал низ 2 ката од неговиот дом на 8 март, при што за малку ќе го повредел неговиот син.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Отеро верува дека неговата куќа била погодена од дел од товарен контејнер со стари батерии кои НАСА ги исфрлила од ИСС во 2021 година. Контејнерот, како што предвидува агенцијата, требало да изгори безопасно над земјината атмосфера на 8 март.

Отеро, исто така, објави снимка од својата надзорна камера на која се слуша како објект пробива низ покривот во 14:34 часот по локално време. „Значи, тоа е 19:34 УТЦ, што е во согласност со проценката на Вселенските сили за влезот во атмосферата над Заливот – 19:29 УТЦ. Мислам дека можеби сте во право и се работи за контејнер на батерии ЕП-9“, коментираше на неговата објава астрофизичарот Џонатан Мекдауел.

Наскоро се јави и НАСА. „Во договор со сопственикот на куќата, го собравме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата“, изјави НАСА за АФП во вторникот.

Според извештајот на Арс Техника, батериите биле во сопственост на НАСА, но се наоѓале во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција – што потенцијално ја комплицира одговорноста за штетата настаната на домот.

Ова не е прв пат „вселенско ѓубре“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата Спејсекс Драгон падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ