сабота, 27 јули 2024

НАСА бара доброволци што една година ќе симулираат живот на Марс

Американската вселенска агенција НАСА бара четворица мотивирани кандидати за едногодишна симулација на живот на црвената планета.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Почнувајќи од пролетта 2025 година, четворица волонтери ќе поминат 12 месеци на „Марс дјун алфа“ во Хјустон, симулациска локација со големина од околу 160 квадратни метри, моделирана по замислена станица за истражување на Марс, објави НАСА во петокот.

Истражувачката станица е модуларна 3Д-печатена структура во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Програмата ќе ги симулира предизвиците на мисијата на Марс, вклучувајќи недостиг од ресурси, дефекти на опремата, доцнење во комуникацијата и стресни фактори на околината. Задачите на екипажот вклучуваат симулирани вселенски прошетки, роботски операции, одржување на живеалиштата, вежбање на телото и одгледување култури.

Ова е втора ваква симулација што е дел од програмата на НАСА „ЧАПЕА“ (Аналогно истражување за здравјето и перформансите на екипажот), која има за цел да се подготви за мисии на Марс.

Апликациите се отворени до 2 април, а кандидатите треба да имаат диплома по природни науки, да бидат на возраст меѓу 30 и 55 години, „здрави, мотивирани“, непушачи и да се државјани или постојани жители на САД. Тие исто така мора течно да зборуваат англиски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ