Како што соопшти денеска Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата Македонија спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.
Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и во Куманово.
Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.