вторник, 22 октомври 2024

Народниот правобранител од Тирана побара од ИНСТАТ почитување на правата на Македонците во Албанија

Народниот правобранител на Албанија побарал но не добил одговор од Институтот за статистика (ИНСТАТ) во врска со барањето на Македонците од Албанија околу случувањата со пописот на населението минатата година. Албанскиот омбудсман уште побарал, ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница во Албанија и прикажаните потадоци од пописот.

Објавено на

часот

Сподели

„Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и ‘северномакедонци’ на англиски јазик, од Институтот за статистика, на прегледот за резултатите за етничката припадност“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво Илинден од Тирана.

Во одговорот на правобранителот испратено до друштвото меѓудругото пишува дека во однос на загриженоста на македонското малцинство, дека резултатите од пописот се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.

„Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот Северна Македонија на албански јазик и ‘сeверномакедонци’ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница“, пишува во одговорот на Народниот правобранител.

Претходно ИНСТАТ ја исправи грешката по разговорот на македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот албански колега Игли Хасани.

Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на МД „Илинден“ како кон институција и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.

Пописот на населението, 12. по ред беше сроведен од 30 октомври до 16 ноември 2023 година, а според резултатите објавени од ИНСТАТ на 28 јуни годинава попишувачите попишале 2.281 Македонец, наспроти 7.957 Бугари. Во сите претходни единаесет сроведени статистички операции не е регистриран ниту едно граѓанин кој се изјаснил како Бугарин.

Пописните резултати околу етничката припадност со заедничка декларација не ги признаа претставниците на осумте малцинствата, освен бугарското, додека Православна и Католичката црква не ги признаа резултатите за бројот на популацијата по верска припадност.

Опозициската Демократска партија не ги признава бројките за вкупниот број на население и бројот на иселените од претходниот до последниот попис, што го потврдува со податоци од Евростат. Со пописот се иселиле 400 илјади, но според европската агенција над 900 илјади државјани на Албанија.

Наспроти сите обвинувања за манипулации и фалсификат, од ИНСТАТ, излегоа со став дека пописот бил спроведен според меѓунарордните стандарди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ