сабота, 27 јули 2024
Серија А

Наполи во следното коло може да го завери Скудетото, прво по ерата на Марадона

Објавено на

часот

Сподели

На седум кола до крајот на сезоната Наполи има 78 бода, втор е Лацио со 61 бод.

Во следното коло Наполи ја пречекува Салернитана, а Лацио му гостува на Интер.

Доколку Наполи ја победи Салернитана, а Лацио загуби или одигра реми со Интер, Елмас и неговите соиграчи ќе направат недостижна предност на табелата и ќе го освојат Скудетото.

Доколку тоа се случи, Наполи на шест кола до крајот ќе ја освојат титулата. Тоа ќе биде нивно прво Скудето по 33 години кога го освоија со Диего Марадона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ