сабота, 27 јули 2024
Идентификуван е наследникот на Македонецот

Наполи веднаш тргна да ги троши парите од Елмас, Де Лаурентис испратил конкретен предлог за Самарџиќ

Медиумите од Италија пренесуваат дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го известил Удинезе дека е подготвен да плати 19 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони во бонуси за ангажман на Лазар Самарџиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Трансферот на Елиф Елмас во РБ Лајпциг официјално беше потврден вчера, Македонецот се пресели во редовите на „биковите“ во зделка вредна околу 25 милиони евра.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Наполи веднаш тргна да ги троши парите од Елиф Елмас.

Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис стапил во контакт со колегите од Удинезе и доставил вербален предлог за ангажман на Лазар Самарџиќ.

Актуелниот шампион на Италија е подготвен да плати 19 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони во бонуси за да го донесе 21 годишниот Србин во своите редови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ