Трансферот на Елиф Елмас во РБ Лајпциг официјално беше потврден вчера, Македонецот се пресели во редовите на „биковите“ во зделка вредна околу 25 милиони евра.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, Наполи веднаш тргна да ги троши парите од Елиф Елмас.
Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис стапил во контакт со колегите од Удинезе и доставил вербален предлог за ангажман на Лазар Самарџиќ.
Актуелниот шампион на Италија е подготвен да плати 19 милиони евра, плус додатни 4-5 милиони во бонуси за да го донесе 21 годишниот Србин во своите редови.