сабота, 19 октомври 2024
Не е задоволен од својот статус

Наполи ризикува да остане без Елмас поради Гарсија, напаѓач игра во средниот ред наместо Македонецот

„Кориере дело Спорт“ објави дека Наполи ризикува да остане без Елиф Елмас поради тренерот Руди Гарсија, Македонецот не е задоволен од статусот и малата минутажа, па не размислува за нов договор.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас минатата сезона беше фудбалерот од средниот ред со најмногу голови во Наполи, често добиваше пофалби од Лучано Спалети, но Македонецот има само ограничена минутажа кај Руди Гарсија.

Новиот тренер на Наполи има други планови, за него е подобро да користи напаѓач (Џакомо Распадори) во средниот ред наместо да му даде шанса на Елиф Елмас.

Елиф Елмас не е задоволен од статусот и тоа што е маргинализиран, и во моментов не размислува за нов договор.

Актуелната соработка е со трајност до 2025 година, доколку не се промени ситуацијата, Наполи веројатно ќе биде принуден да го продаде Елиф Елмас следното лето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ