петок, 18 октомври 2024

Наполи победи во Верона, Елмас отсутен поради повреда (ВИДЕО)

Наполи со 3-1 славеше на гостувањето кај Верона, Елиф Елмас не беше ниту на клупата на овој натпревар поради повреда на задната ложа.
 

Објавено на

часот

Сподели

Иако за Македонија одигра два натпревари во паузата за репрезентации, Елиф Елмас на денешниот меч на Наполи не се најде ниту на клупата.

Спортскиот директор на клубот, Мауро Мелусо потврди дека станува збор за мускулна повреда која македонскиот фудбалер ја заработил на вчерашниот тренинг. 

Повредата не е сериозна и се очекува Елмас да биде во комбинација за натпреварот против Унион Берлин во Лигата на шампионите.

Денеска наполитанците со 3-1 славеа на гостувањето кај Верона.

Два гола даде Кварацхелија, еднаш погоди Политано. Почесниот погодок за Верона беше дело на Лазовиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ