По два ипол месеци, Наполи се радува на победа во Серија А пред своите фанови, вечерва избраниците на Мацари триумфираа со 2-1 против Каљари.
Натпреварот беше решен во второто полувреме, кога во период од 5-6 минути паднаа три гола.
Осимен го отвори резултатот, но Каљари веднаш врати и изедначи на 1-1 преку Паволети.
Кварацхелија сепак се погрижи трите бода да останат на „Марадона“ и реализираше за 2-1 во 75. минута.