Наполи ќе има и трет тренер оваа сезона. Почнаа со Руди Гарсија, па се обидоа со Валтер Мацари, а сега ќе продолжат со Франческо Калцона.
Тој е актуелен селектор на Словачка и ќе остане на таа позиција и покрај тоа што ќе биде тренер на Наполи.
Неговиот договор со Наполи е до крајот на сезоната. Првиот тренинг со тимот ќе го одржи веќе утре.