сабота, 27 јули 2024

Наполи го продал Осимен за 120 милиони евра, купувачот не се знае

Главна вест денеска во италијанските медиуми е тоа дека Наполи договориле продажба за Виктор Осимен за 120 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот на радиото „Кис Кис“, Карло Алвино, откри дека се уште актуелниот шампион официјално склучил договор за продажба на својот голгетер, без да открие кој е купувачот.

ПСЖ и Челси беа најзаинтересирани за услугите на 25-годишниот голгетер и за очекување е еден од тие два клуба да биде следната дестинација за Нигериецот.

Осимен во сезонава не игра на исто ниво како лани, кога на Наполи му ја донесе титулата. Една од причините за тоа се повредите, со оглед дека во актуелното првенство настапи на само 17 натпревари и постигна 13 гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ