четврток, 6 март 2025

Напаѓачите го истепале Пендиков, ама не било од одмазда затоа што се чувствувал како Бугарин

Основниот суд Охрид ги осуди на ефективна затворска казна од по осум месеци Илија Спасески и Борче Ангелов за нанесување тешка телесна повреда на охриѓанецот Христијан Пендиков што беше причина во 2023 година за заострување на македонско-бугарските односи.

Објавено на

часот

Сподели

Судот делото го квалификуваше како тепачка со тешка телесна повреда, посочувајќи дека во текот на судењето не се докажа дека Пендиков бил нападнат поради омраза само затоа што е Бугарин.

Како што е познато, случајот доби политичка конотација и дополнително ги залади односите помеѓу официјално Скопје и Софија. Соседна Бугарија истиот го оквалификува како национално мотивиран односно дека причина за нападот е што Пендиков кој во времето кога се случи инцидентот беше секретар на сега веќе затворениот контроверзен бугарски културен клуб Цар Борис Трети, односно имал бугарска самосвест, поради што бил нападнат.

Осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ