Напаѓачот од Хондурас доби тежок удар и остана да лежи на тревата по што мораше да му биде укажана помош, а потоа беше префрлен в болница во Бордо каде е ставен во индуцирана кома и извршена му е операција на главата.
Судирот се случи во 34. секунда од мечот кога на Елис налета противничкиот играч Донатиен Гомис. На фудбалерот на Бордо осум минути му беше укажувана помош по што е изнесен на носилки од стадионот.
Последните информации се дека Елис се наоѓа надвор од животна опасност, но докторите го држат во кома и будно ја следат неговата состојба.
#VTVNoticias Así fue la jugada en la que Alberth Elis sufrió la lesión en su cabeza.
Según información su estado de salud es delicado.#VtvSomostodos
¡Conéctese con nosotros!
📺 https://t.co/4Ho7ymbVYJ pic.twitter.com/btXsr4XQ1Y— VTV Somos Todos (@VTVSomosTodos) February 25, 2024