сабота, 19 октомври 2024
Насилство во Ѓорче Петров

Нападнати три лица од исто семејство

Три лица од исто семејство вчера биле нападнати во скопската општина Ѓорче Петров.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се информира МВР, Т.М.(26) од Скопје утрово, во 00:18 часот, во СВР Скопје пријавила дека околу 23:45 часот нејзиниот сопруг А.М.(24) телефонски ја известил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица.

Според пријавеното, откако таа, нејзиниот свекор Т.М. и нивен роднина отишле на местото, лицата физички ја нападнале неа и нејзиниот свекор.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ