сабота, 27 јули 2024

Нападната медицинска сестра во болницата во Струга

Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н. (23) од истото село.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н. (23) од Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, изјави Димоски.

ОВР Струга, информира Димоски за дрѕг случај, поднело кривична пријава против триесет и осум годишен стружанец поради спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С. (38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење на службено дејствие. Пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен“, информира Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ