среда, 30 октомври 2024
Реакција на ЗНМ и ССНМ

Нападната екипа на ТВ Алсат, не ѝ дозволиле да влезе во општината во Чашка (ВИДЕО)

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била спречена да ја врши професионално својата работа за време на протестот во општина Чашка пред основното училиште Тодор Јанев против воведување паралелка на албански јазик во училиштето. Дополнително на екипата не ѝ било дозволено да влезе и во општинската зграда за да земе изјава од градоначалникот на Чашка.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата на нападната новинарска екипа, новинарот и снимателот на ТВ Алсат пристигнале пред општината при што дел од луѓето што протестирале им забраниле пристап и влез во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, а пробале да им ја одемат и камерата. По инцидентот, екипата повторно се обидела да влезе во општината со цел да земат изјава од градоначалникот, но уште еднаш биле спречени да влезат, овој пат од чуварот во општината.

„Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара објаснување од страна на општината во врска со спречувањето на новинарската екипа да влезе во јавна установа. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, се вели во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

Дел од жителите на општина Чашка секојдневно протестираат поради одлуката на Министерството за образование и наука за воведување паралелка на албански јазик во основното училиште Тодор Јанев.

Ова е причина што второто полугодие во ова училиште воопшто не почна.

Советот на родители бара итна оставка на в.д.директорката Елена Николова и поништување на огласите за вработувања.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ