сабота, 27 јули 2024

Нападнат снимател на ТВ 24, ЗНМ потсетува дека тоа е кривично дело

Објавено на

часот

Сподели

„Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави дека само што почнал да снимам инсерти, лицето се доближило до него и почнал да вика дека новинарите се предавници кои бараат само некакви права по што му се обратил со погрдни зборови. Неколку пати замавнал по колегата Камчев и еднаш успеал да го погоди сталакот и да ја оштети камерата. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот. ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа. Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и Јавното обвинителство (ОЈО) имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот“, велат од ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ