сабота, 27 јули 2024

Напад во училиште во Пакистан: Убиени седум наставници

Објавено на

часот

Сподели

Престрелката се случила во средно училиште во градот Парачинар, кој се наоѓа на границата со соседен Авганистан, јавија локалните медиуми. Во моментот на пукањето учениците полагале годишни испити.

Полицијата соопшти дека го истражува мотивот за нападот, додавајќи дека тој може да биде поврзан со тероризам.

Парачинар е единствениот град со шиитско мнозинско во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва и често бил цел на терористички напади.

Престрелки во училиштата се ретки во Пакистан. Медиумите потсетуваат дека повеќе од 140 луѓе, претежно ученици, беа убиени во напад на воено училиште во северозападниот град Пешавар во декември 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ