Локалните медиуми објавија дека во трговскиот центар Вестфилд се слушнале истрели.
Толпи луѓе во паника бегаат од трговскиот центар во Сиднеј по извештаите за повеќекратни прободувања и можно пукање. Според австралискиот медиум 9Њуз, се претпоставува дека се повредени неколку лица.
#BREAKING: Paramedics have been told to pull out of centre as the Bondi Westifeld is still being considered a live scene.
Specialist units are currently going store-to-store, clearing the shopping centre. #9News
READ MORE: https://t.co/uGK2VEIMaF pic.twitter.com/0IJm3aETwP
— 9News Sydney (@9NewsSyd) April 13, 2024
Полицијата соопшти дека е во тек операција и дека еден маж бил застрелан.
„Нешто пред 16:00 часот беа повикани службите за итна помош по дојавата дека неколку луѓе се избодени со нож. Се повикуваат граѓаните да го избегнуваат овој простор“, соопшти полицијата, пренесува австралискиот медиум 9Њуз.
Областа беше евакуирана, а на социјалните мрежи беа објавени фотографии од службите за итна помош и полициските возила на местото на настанот.