Во близина на седиштето на Врховниот суд во иранскиот главен град Техеран, напаѓач отвори оган и уби најмалку двајца судии, пренесе агенцијата ИРНА.
Повикувајќи се на добро информирани извори, иранската агенција наведува дека двајца судии се убиени, а третиот е ранет во престрелката што се случила на фреквентен плоштад во Техеран.
Двајцата убиени судии на иранскиот Врховен суд биле одговорни за водење на случаи поврзани со тероризам и шпионажа, потврди иранското правосудство.