сабота, 27 јули 2024

Напад со говор на омраза врз „срцето“ на Гостивар

Непознати лица испишале текст на албански јазик со навреди и го исшараа монументот кој се наоѓа на кејот во Гостивар. Претходно на срцето беше исцртано македонското знаме и делови од словенската азбука, како чин за одбележување на 24 Мај – денот на писменоста.

Објавено на

часот

Сподели

Гостиварци од утрово по социјалните мрежи го осудуваат овој чин.

„Ова не е постапка со која се отсликува соживотот на гостиварчани, зошто сите ние- Македонци, Албанци, Турци, Роми сме растеле заедно, сме се почитувале и сме ги негувале различностите. Ова може да го направи само оној што не израснал со овие вредности“, напиша советничка во општинскиот совет која беше иницијатор да се одбележи денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Врз сегмент од бетонскиот монумент во понеделникот, средношколци со дозвола на локалната самоуправа го обои со мотиви на македонското знаме и беа испишани букви од глаголицата и кирилицата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ