понеделник, 9 декември 2024

Напад со дрон 1200 километри длабоко во Русија. Одекнала експлозија, има повредени (ВИДЕО)

За прв пат беспилотни летала нападнале претпријатија на територијата на Татарстан, во Јелабуга и Нижнекамск, објави прес-службата на шефот на Татарстан, Рустам Миниханов.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Нема посериозни разурнувања, не е нарушен технолошкиот процес на компанијата. За жал, во Јелабуга има објекти кои се оштетени како резултат на нападот. Се обезбедува сета потребна помош“, рече Миниханов.

„Сега е исклучително важно да останеме смирени и да не се предадеме на паниката што одговорните за ова злосторство намерно се обидуваат да ја посеат“, додаде тој. Тој потврди дека службите се во готовност.

Оперативните служби за државната новинска агенција Тасс потврдија дека најмалку седум лица се повредени во Јелабуга.

„Досега е утврдено дека седум лица се повредени како резултат на напад со дрон“, изјави извор за Тасс. Тој истакна дека се искршени и стаклата на три згради од студентски дом.

Претходно беше соопштено дека шрапнели повредиле возрасно лице и двајца тинејџери.

Некста пишува дека местото на ударот е на повеќе од 1.200 километри од украинската граница. Се наведува дека во Јелабуга се произведуваат беспилотните летала камиказе Шахед, додека во Нижнекамск има голем петрохемиски комплекс.

Ноелрепортерс известува дека била погодена рафинерија за нафта во Нижнекамск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ