сабота, 27 јули 2024

Напад на село во Украина: Русите со ракета убиле 51 лице во кафуле и продавница (ВИДЕО)

Најмалку 50 лица загинаа откако руска ракета погоди продавница и кафуле во Украина, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

Објавено на

часот

Сподели

На апликацијата Телеграм напиша дека е нападнато село во североисточниот регион на Харков, пренесува Скај њуз.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека во селото Хроза во областа Купјанск во Харков биле нападнати кафуле и продавница и дека таму во тоа време имало многу цивили.

Меѓу загинатите има и шестгодишно момче.

„Спасувачите продолжуваат да работат на лице место“, рече Синехубов на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на Шпанија, го нарече нападот „брутално руско злосторство“. „Нападнаа обична продавница за храна. Тоа е намерен терористички напад“, објави тој.

„Засега се пријавени повеќе од 51 загинато лице. Моето сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски! На повредените им се пружа помош“, напиша Зеленски.

Претходно денеска, Зеленски им се обрати на европските лидери, кои се собраа во Гранада, велејќи дека е уверен во континуираната поддршка на САД, барајќи поголема помош и оружје што ќе му помогне во борбата против руската агресија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ