недела, 19 мај 2024

Напад на главната руска база на Крим, огромни експлозии, пожар (ВИДЕО)

На нова видеоснимка се гледа пожар што беснее на северен Крим по информациите за експлозии околу воениот аеродром Џанкој во текот на ноќта.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На снимките што рано утринава кружат на социјалните мрежи од руски и украински извори се гледаат блесоци светлина и експлозии, а во заднината свират сирени.

Засега нема информации за причините и последиците од неколкуте експлозии во Џанкој.

Еден локален канал на Телеграм извести за „неколку силни експлозии“, кои почнале непосредно пред 4 часот по локално време, пред да избие пожарот. Патиштата околу воздушната база се блокирани, објави каналот.

Џанкој е голем воен центар во кој се наоѓа еден од најголемите руски аеродроми на Крим. Тоа е клучна точка за снабдување на руските војници преку јужна Украина и линиите на фронтот. Се смета дека на воениот аеродром се сместени 39-от хеликоптерски полк на 27-та мешовита авијациска дивизија на 4-та команда на руските воздушни сили и воздушна одбрана на јужниот воен округ на Руската Федерација, составен од три авијациски ескадрони.

Руските воени блогери на каналите Телеграм го потврдуваат нападот и посочуваат дека е извршен со ракети АТАКМС, а за него објавија и украинските медиуми https://kyivindependent.com/explosions-fire-reported-at-military-airfield-in-occupied-crimea/.

Русија и Украина сѐ уште официјално не ги коментираа нападите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ