сабота, 27 јули 2024

Наносите земја во Теарце се опомена од природата која не ја почитуваме, порачаа од НП Шар Планина

Објавено на

часот

Сподели

„Шумските комплекси имаат значајна заштитна функција. Прекумерното и неодржливото искористување на шумите во минатото довело до големи површини од нискостеблени шуми и шуми со различни форми на деградација. Токму затоа, за секоја сеча на огревно дрво е потребна дозвола од Јавната установа Национален парк Шар Планина. Режимот на движење за моторните возила е исто така воспоставен за да се намалат илегалните активности, ерозивните процеси и загадувањето на водите, велат од НП Шар Планина.

Во изминатите месеци на територијата на Националниот парк тие евидентираа скоро 800 градби вон населените места, а на територија на Општина Теарце 115 градби.

„Урбанизацијата ја нарушува рамнотежата на почвата, што доведува до ерозија, зголемување на истекувањето по дождот и доведува до поплавување. Непланската и несоодветна урбанизација доведува до зголемување на населението кое е изложено на поројни поплави. Дополнително, некои населени места се директно изложени на штети/опасности предизвикани од паѓање на карпи и лизгање на земјиштето. Голем дел од идентификуваните градби се исто така објектите на малите хидроелектрани. Сите тие се наоѓаат во поројните водотеци, а немањето соодветни пропусти, намалувањето на профилот и протокот на реките, влијание негативно врз текот на реката и претставуваат трајна опасност од излевање и поплавување. Токму затоа, НП Шар Планина, цврсто стои на своите ставови дека на територијата на Националниот Парк малите хидроелектрани не се добредојдени“, посочуваат стручните лица од Националниот парк.

Од установата повикаа сите општини во Полошкиот регион, граѓани и други релевантни институции, да ги почитуваат законите за да сите бидат заштитени од катастрофи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ