понеделник, 21 октомври 2024

Намибија ќе убие 700 животни, вклучително и слонови и нилски коњи, и ќе го подели месото

Намибија планира да убие повеќе од 700 диви животни, вклучувајќи слонови, зебри и нилски коњи, а месото да им го подели на гладните жители.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Имено, земјата ја погоди најтешката суша во последните 100 години. Министерството за животна средина, шумарство и туризам во понеделникот објави дека има намера да убие стотици животни поради месо и водни ресурси, вклучувајќи 83 слонови, 30 нилски коњи, 60 биволи, 50 импали и 300 зебри.

Животните ќе бидат убиени од професионални ловци, и во паркови и на јавни површини со одржлив број на дивеч. Во мај, Намибија прогласи вонредна состојба поради суша. Околу 1,4 милиони луѓе, приближно половина од населението, се очекува да се соочат со високо ниво на несигурност во храната, пишува Си-ен-ен.

„Оваа програма ќе го намали притисокот врз водните ресурси во областите каде што бројот на диви животни е поголем од расположливите пасишта и вода“, соопшти министерството. Повеќе од 150 животни се веќе убиени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ