понеделник, 26 февруари 2024
За пет месеци во држава се случиле 1.791 пожар

Наместо во лето, пожарите на отворено годинава најмногу ги има во есен, во септември горело на 597 места

За пет месеци во држава се случиле 1.791 пожар на отворен простор, а до 23 септември во пожарите во Македонија годинава се зафатени 1.554 хектари шумска површина. Она што е интересно во оваа статистика на Центарот за управување со кризи е дека во септември бројот на пожари бил најголем, вкупно 488 до 23 септември. Во јуни таа бројка беше 20, во јули 186, а во август 419. Според дневните извештаи на ЦУК годинава и октомври е месецот со голем број на пожари на отворен простор.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите во Секторот за операции и координација (СОК) од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека како сега да е почеток на сезоната на пожари на отворено, а есента започна и зимата е пред нас. 

„Месец октомври го завршивме до дневен биланс од 21 пожар на отворено на 31 октомври – во тек на едно деноноќие, а од вчера месец ноември го започнуваме со 10 пожари на отворено и покрај тоа што температурите, барем ноќе се ниски, има поголема присутност на утринска роса и почнаа локални врнежи дожд. До утрово, активен се уште е само еден – во Општина Студеничани, кај месноста „Мала Река“ во реонот над селото с.Алдинци, на речиси непристапен терен, каде што гори ниска вегетација и мешана шума“, велат од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информираше, дека во октомври имало 614, а во септември 597 пожари на отворено, што е за најмалку 200 пожари повеќе од август кога имало 395 пожари и кога вообичаено знаеме дека е пикот на пожарите на отворено.

Инаку, генерално и според досегашните искуства,  во септември веќе не би требало да се очекува да ги има во толкав број пожарите на отворено, а во октомври би требало да бидат многу ретки. Во јули оваа година имало 186 пожари на отворено, а во јуни само 20 за цел месец, согласно податоците од Секторот за аналитика во ЦУК. Споредено со бројките од октомври – тоа е помалку и од бројот на пожарите во еден ден, конкретно во последниот ден од месец октомври (31.10.2023), кога имало 21 регистриран пожар на отворено – службено регистрирани пожари што претставувале предмет на интервенција на храбрите пожарникарски тимови и пилоти во државата, а и ангажман и на други институции и служби од Системот за управување со кризи (СУК) во државата.

Од Дирекцијата за заштита и спасување нè информираа дека од јануари до 15 септември трите нивни воздухоплови, т.н. ертрактори, беа ангажирани за гасење на пожари и вежби на територијата на цела држава. Тројцата пилоти за овој период изведоа 58 летови, летаа вкупно 126 часови, а интервенирале 26 пати во гаснење на пожари.

За тоа време имале 211 исфрлања на вода и се исфрлени 512.500 литри вода. Во оовој период потрошени се 31.380 литри гориво.

Од ДЗС напоменуваат дека во пресметките не се земени предвид редовните тренинг летови во текот на овој период.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ