сабота, 19 октомври 2024

Наместо на оптимален пренос на струја МЕПСО трошел пари на донации и спонзорства, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Енергетскиот сектор во Македонија е на дното, а МЕПСО трошел државни пари секаде каде што не било неопходно, обвини денеска на прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која меѓу другото потести дека претходното раководство на МЕПСО отпишало долг од 14 милиони евра на синот на поранешниот министер од ДУИ, Муса Џафери и „други блиски фирми на СДС и ДУИ“.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека на име донации и спонзорства МЕПСО за 2024 година предвидела вкупно 12.300.000 денари, а потрошила речи си двојно повеќе односно 22.712.500 денари. Според информациите на партијата, меѓу здруженијата кои добиле донации биле фитнес клуб Динамик Скопје на кој му биле исплатени 200.000 денари, Македонското стоматолошко друштво МСД исто така од Скопје кое добило 100.000 денари, фудбалскиот клуб Шкендија од Арачиново кој на 8 март годинава добила донација од 300.000 денари како и кошаркарскиот клуб Башкими за кој биле издвоени 250.000 денари.

„Ова се делата кои зад себе ги оставија СДС и ДУИ. Трошење без усул, без цел и план, затоа Македонија е на ова дно. Двете клучни функции на МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. Основна дејност на МЕПСО е оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно“, обвини Митева.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе продолжат со објавување на листата за донации и спонзорства и тврдат дека „за ова одговорност мора да има“.

За донациите и спонзорствата на МЕПСО, МКД.мк објави детали на 28 август. Истиот ден, само неколку часа подоцна, новиот менаџерски тим на МЕПСО соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ