сабота, 19 октомври 2024
Истражувње на Центарот за граѓански комуникации

Наместо да се зголемува, секоја година се намалува бројот на тимови за итна помош

Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за капацитетитена итната медицинска помош, во земјава  недостигаат вкупно 52 екипи за итна медицинска помош за да може да се задоволи барем законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар во зависност од бројот на жители што ги опфаќа.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е наведено во истражувањето, најмногу тимови, 18 недостигаат во Скопје, додека Битола има 4 повеќе од минимум потребните. Дури половина од 33-те здравствени центри имаат помалку тимови од потребните.

Воедно од истражувањетo утврдуваат дека во моментов во земјава вкупно има 258 тимови за итна медицинска помош и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува.

Така во однос на 2015 година, кога е донесена последната уредба со која се предвидува минималниот број тимови што треба да го има секој здравствен центар, бројот на тимови за итна помош е намален за 22.

Во истражувањето  на Центарот за граѓански комуникации  е утврдено дека еден тим на итна помош некаде покрива 1.000, а во други градови и до 40.000 жители дневно. Најлоша е состојбата во Струмица и Тетово, каде еден тим покрива дури по околу 40.000 жители дневно. Куманово и Скопје се следни со покриеност на еден тим на околу 30.000 жители дневно. Најдобро покриени се жителите на малите центри како Вевчани, Пехчево и Ростуше каде еден тим покрива по нешто повеќе од 1.000 жители дневно.

„Во една смена на итната помош некаде има по 2, на други места по 50 интервенции.Не се води евиденција колку повици за барање на брза помош се добиваат, а на колку се оди“, е заклучокот од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Фото: Центар за граѓански комуникации

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ