понеделник, 6 јануари 2025
Преписка меѓу поранешниот и сегашниот претседател

Наместо да критикува Вељаноски да се запраша колку бил транспарентен парламентот под негово водство, реагира Џафери

Објавено на

часот

Сподели

„Во интерес на вистината, ве информираме дека Собранието изврши комплетна надградба на веб страницата и ја поврза со новиот систем за е-парламент и новиот систем за електронско гласање. Надградбата на новата платформа имаше за цел подобрување на транспарентноста на Собранието во процесот на објавување на сите информации и документи кои произлегуваат од работата на Собранието на автоматски начин, во реално време од внатрешниот систем на веб страницата на Собранието.

Дополнително, потребата за надградба и подигнување на технолошкото ниво на системите од кои некои беа постари повеќе од 14 години со нови современи софтверски решенија во Собранието беше зголемена со речиси секојдневните кибер напади на веб страницата на Собранието.

По успешната надградба на системите, во тек е миграцијата на податоците од стариот систем за е-Парламент во нов. Процесот на миграција на содржините од претходниот систем е завршен за тековниот пратенички состав 2020-2024, а во тек е валидацијата на мигрираните содржини за претходните пратенички состави наназад. Впрочем, на веб страницата на Собранието, преку дополнителниот линк – Историја, веќе се достапни дел од мигрираните податоци и за претходните пратенички состави од 1991 година до денес, како што се:

-Пратеници со нивни биографии и политички партии од 1991 година;
-Собраниско раководство (претседатели на Собранието, потпретседатели на Собранието и генерални секретари) од 1991 година;
-Работни тела од 1998 година;
-Пратенички групи за соработка од 2002 година;
-Делегации од 2002 година;

Модернизацијата на веб страницата подразбира лесна навигација, логичка поврзаност на содржините, напредно пребарување, високо ниво на прилагодување, целосна интеграција со е-Парламент и со новиот систем за говорење и гласање. Заменета е застарената хардверска основа и сега двата системи се поставени на нови сервери и сториџ систем, со многу поголема брзина и поголем капацитет.

Во однос на видео архивата, во тек е набавка на медиа сервер, со што, по негово поставување и конвертирање на материјалите во формат кој сега е стандард, ќе биде достапна на сајтот.
Покрај ова, во тек е реализацијата на други процеси во насока на понатамошно унапредување на системот: се подготвува регистар за невладини организации; во тек е набавка на систем за разрешување на инциденти, се поставува корпоративна ви-фи мрежа и се подобрува гостинската ви-фи мрежа.

Наместо  неаргументирано да критикува и да пишува отворени писма до јавноста, Велјаноски треба да биде малку самокритичен и да се запраша какво беше нивото на отвореност на Собранието кон јавноста во негово време, а како е сега“, вели Талат Џафери во реакцијата кон отвореното писмо од Трајко Вељаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ