сабота, 21 декември 2024

Намерата на „Езимит“ да ја купи „Цантали“ ги обедини грчките бизнисмени против планот на македонската винарија

Комисијата за конкурентност на Грција деновиве го одобри здружувањето на неколку големи грчки компании во конзорциум кој има намера да ја купи пропаднатата грчка винарија „Цантали“, објавуваат грчките медиуми. Ова здружување доаѓа откако македонската винарија „Езимит“ пројави намера за купување на „Цантали“.

Објавено на

часот

Сподели

Компаниите „Темес“, сопственик на ланец луксузни хотели во Грција, „Премиа“, компанија која се занимава со недвижности и винопроиизводителот „Елиника вина“ добија дозвола да формираат конзорциум кој ќе даде понуда за време на стечајната постапка за „Цантали“ закажана за 11 октомври.

Долгот на „Цантали“ е 64 милиони евра. Понудата на конзорциумот била 11 милиони евра, а банките бараат најмалку 25.

МКД.мк пишуваше дека македонска винарија пројави интерес за купување на големата грчка винарија „Цантали“. Според грчките медиуми „Цантали“ е меѓу најголемите извозници на вино во Грција со присуство во 50 земји во светот. Но, винарската визба го прекинала производството уште лани во август, а годинава за прв пат во својата историја, грозјето не било собрано.

Инаку, „Езимит“ е сопственик на винаријата во Штип која има капацитет од пет милиони литри, во Лозово капацитетот е 20 милиони литри годишно, а „Повардарие“ годишно произведува и до 30 милиони литри вино. Според бизнис логиката, намерата на „Езимит“ за купување на „Цантали“ е многу конкурентна. Но, прашањето е дали во Македонија има капацитет да се формира конзорциум за еден ваков сериозен деловен зафат?

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ