сабота, 27 јули 2024

Намаз од афион, макало со лук, сок од аронија… промоција на македонски „Премиум производи“

Објавено на

часот

Сподели

Палетата премиум производи опфаќа и органски чаеви, слатко од зелени смокви, гемиџиски ајвар, тартуф, балсамиран оцет од модри сливи и јаболков оцет, како и гроздов маџун, но и има и козметичка линија со повеќе видови рачно изработени природони сапуни.

-Десет мали, локални компании се здружија во алијанса за да ги направат своите производи повидливи и препознатливи. Ваквиот нивен пристап на пазарот овозможи да настапат под заеднички бренд, со заедничка дистрибуција, промоција и продажба со цел поголема присутност на производите во малопродажбата. Овој модел беше препознаен како уникатен и поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, вели сопственикот и управител на „Био Оил”, Александар Димитриевски.

Покрај Димитриевски кој е и иницијатор за креирање на алијансата „Премиум производи”, на настанот ќе присуствуваат и Анета Дамјановска, национален координатор во Амбасада на Швајцарија, како и претставници на ИМЕ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ