четврток, 24 октомври 2024

Намалувањето на нотарската тарифа не го решава проблемот на граѓаните, реагираат нотарите

Нотарската комора е подготвена подетално да ги презентира анализите и аргументите за потребите од измените на тарифата за наплата на нотарските услуги, реагираат од комората откако министерот за правда Игор Филков вчера објави дека ја повлекува одлуката за давање на согласност за десеткратно зголемување на нотарската тарифа, која ја донел неговиот претходник Кренар Лога пред да замине од функцијата, а која требаше да започне со примена од 1 септември 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку, министерот за правда има аргументирани причини за укинување на измените на нотарската тарифа, секако тоа може да го стори во рамките на своите законски надлежности, но со тоа нема да го реши проблемот на граѓаните, ниту пак на нотарите, велат од Нотарската комора.

Во реакцијата се посочува дека нотарската тарифа во ниеден случај не може да биде скриен процес, од причини што, како и секоја претходна, така и оваа е донесена во законски пропишаната процедура, која траела половина година.

„По однос на новите измени, треба да се има предвид дека нотарската тарифа не само што не го пратеше трендот на пораст на платите, животните трошоци, стапката на инфлација и вредноста на правната работа, туку напротив во овие 25 години, истата во континуитет е намалувана во 2010, 2016 и 2019 година. Влијание на измените на нотарската тарифа има и фактот што од воведувањето на нотаријатот, донесени се низа закони со кои се зголемуваат обврските на нотарите, што само по себе повлекува нови вработувања во нотарските канцеларии, а нотарската тарифа паралелно се намалува. Што значи, нема никаков рационален соооднос и економска исплатливост за функционирање на нотаријатот како независна и самостојна јавна служба“, се наведува во соопштението од Нотарската комора.

Министерот за правда Игор Филков вчера објави дека ја повлекува одлуката за давање на согласност за десеткратно зголемување на нотарската тарифа, која ја донел неговиот претходник Кренар Лога пред да замине од функцијата, а која требаше да започне со примена од 1 септември 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ