Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10.126.5 милиони евра, што е за 0.6 отсто помалку во споредба со 2023 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024, изнесува 2 909.9 милиони евра,а покриеноста на увозот со извоз е 71.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.