И покрај тоа, водостоите на трите езера се пониски од просекот за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското Езеро, за 75 сантиметри кај Дојранското и за 1,89 метри кај Преспанското Езеро.
За разлика од езерата, нивоата на повеќето реки во земјава се повисоки од просекот за овој период од годината и најчесто водостојот им е сличен на вчерашниот.