Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.
„Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица“, подвлече Тошковски.