среда, 12 март 2025
Статистика

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3,5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање од 1,7 %, во секторот Преработувачка индустрија од 3,7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 2,6 %, кај Капитални производи за 5,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка од 22,3 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ