четврток, 24 октомври 2024

Наќе Георгиев веќе не е врховен судија, Судскиот совет ќе расправа и за судии од Кривичниот суд

Наќе Георгиев кој вчера беше осуден на казна затвор од три години поради примање поткуп веќе не е врховен судија. Без расправа, Судскиот совет на денешената итна седница му го констатираше престанокот на функцијата со оглед на тоа што законот предвидува дека на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци. На денешната седница на Судскиот совет беше отворено и прашањето за последната одлука на судијата Пајазит Пајазити кој му определи куќен притвор на припадникот на УЧК, Косовецот Блерим Рамадани, мерка која ја извршуваше кај роднини во Скопје но вчера избега и сега се наоѓа во Косово.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева кажа дека иако претходно судијата Георгиев тврдеше дека е невин сепак се докажа дека никој, па ниту судија може да имм пркоси на фактите и доказите.

„Нема да се впуштам во коментриање на судската одлука и во коментирање на висината на казната, но сакам да упатам порака и да апелирам до граѓаните да не се плашат да пријавуваат било какво коруптивно дејствување. Да пријавуваат секогаш кога судија или посредник ќе му побара поткуп или било кое друго дејствија или ако му биде побарана било која друга услуга за противзаконито влијание или донесување судска одлука. Верувајте дека ние секогаш ќе го санкционираме таквиот случај. Убедена сум дека сме подготвени да го санкционираме сето ова и со тоа нема да дозволиме корумпирани судии кои го потонуваат и го газат судството да им дозволиме да останат и ќе ги принудиме со наведнати глави, засрамени, ако воопшто имаат срам да во судницата во која што требало да делат правда да ја заменат со затворски решетки“, рече Дамева.

Судијката Антоанета Димова пак, иако не комментираше во детали сепак кажа дека не е задоволна од изречената казна против судијата  Наќе Георгиев.

„Сметам дека за судиите мора да се изрекуваат построги казни. Добро е што е осуден, но сметам дека оваа казна не е соодветна на она што е направено. Би апелирала до нашите судии сепак да бидат похрабри. За ситеможат да постојат олеснителни околности, но за судиите не постојат. Или си чесен или не си, или имаш интегритет или немаш“, рече Димовска.

Според Законот за судовите на судија му престанува мандатот ако меѓу другото е осуден на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци.

„Судскиот совет најдоцна во рок од десет дена од денот на дознавањето за настапување на случаите утврдува престанок на судиската функција со што на судијата му престанува и правото на плата. Судот кој ја донел правосилната одлука е должен веднаш по правосилноста на одлуката писмено да го извести
Судскиот совет и претседателот на судот каде судијата ја врши судиската функција“, пишува во Законот за судови.

На денешната итна седница на Судскиот совет беше отворено и прашањето за последнитe одлуки на судијата Пајазит Пајазити кој му определи екстрадициски куќен притвор на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани, мерка која ја извршуваше кај роднини во Скопје но вчера избега и сега се наоѓа во Приштина, но и за одлуката да биде прифатен предлогот членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети кој призна дека зел поткуп да биде осуден на условна казна. Отворено беше и прашањето зошто судијата Душан Јосифов исто како неговиот колега Пајазити, го прифатил предлогот на Обвинителството, судијата Наќе Георгиев да биде казнет три години затвор за поткуп од 15.000 евра.

Без да споменува имиња, претседателката на Советот, Весна Дамева рече дека е потребно да се формира комисија која час поскоро ќе ја утврди фактичката состојба.

„Во услови кога нема официјален одговор од страна на канцеларијата за односи со јавност на Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет е должен да изврши надзор иувид во постапувањето, однесувањето и одлучувањето на судот и да излезе со официјален став ако сака да си го зачува своето место и улога“, рече ченот на Судскиот совет, Ивица Николовски.

Комисијата која ќе утврдува што точно се случило и како и зошто судиите донеле такви одлуки е составена од членовите на Судскиот совет Александар Камбовски, Ханиф Зендели и Павлина Црвенковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ