сабота, 27 јули 2024

Наке Георгиев и Антоанета Димовска кандидати за членови на Судскиот совет од редот на судиите

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот совет објави дека Комисијата за подготовка на кандидатски листи по огласот за избор на членови на Советот изготвил две општи листи и тоа општа листа за кандидат од Врховниот суд Наке  Георгиев, судија на Врховниот суд и општа листа за кандидат од апелационо подрачје Скопје и од управните судови, Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје

„Кандидатите кои не се евидентирани на кандидатските листи имаат право на приговор до Советот во рок од 48 часа од објавување на кандидатски листи“ пишува во соопштението од Судски совет.

Утврдувањето на кандидатските листи за избор на членови на Судскиот совет и тоа за еден член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и еден член од редот на судиите од Врховниот суд ќе се најдат на дневен ред на седницата закажана за утре.

Судскиот совет, утре на седница ќе треба да одлучува и за формирање на Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет од редот на судиите, како и за донесување на решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ