четврток, 26 декември 2024

Најтоплиот Божиќ во Велика Британија во последните 20 години

Велика Британија го забележа најтоплиот Божиќ во последните 20 години. Температурата во Хитроу, југозападен Лондон, во неделата достигна 15,3 Целзиусови степени, што е значително над просекот за овој период од годината, што го прави најтоплиот 24 декември од 1997 година.

Објавено на

часот

Сподели

Рекордот за најтопол Божиќ од 15,5 степени е поставен во Абердин и Банф, Шкотска, во 1931 година.

Наместо снег, пишува Гардијан, поголем дел од Велика Британија може да очекува влажен, ветровит и невообичаено топол Божиќ, со температури од 12 или 13 Целзиусови степени на југот на Англија.

Синоптичарите велат дека е малку веројатно да се сруши рекордот за најтопол Божиќ досега, поставен во Килертон, Девон, во 1920 година, кога температурата достигнала 15,6 Целзиусови степени.

Температурите во Британија денеска се очекува да достигнат максимум, а во наредните денови се очекува благо опаѓање.

Метеоролошката канцеларија вчера издаде две посебни жолти предупредувања за ветер во Шкотска и северна и централна Англија, додека предупредување за дожд имаше во Велс.

Поради лошото време затворени се неколку мостови, а проблеми има и со железницата.

Од Бадник станицата Падингтон во Лондон ќе биде затворена четири дена и нема да има меѓуградски возови од Кингс Крос.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ