сабота, 27 јули 2024

Најстудено во Берово, магла на патиштата

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 Целзиусови степени. Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола и Прилеп.

 

Објавено на

часот

Сподели

Утрово во Прилеп се регистрирани -5 Целзиусови степени, во Скопје-Петровец, Битола и Струмица – 4, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка – 3 степени, Претор, Штип и Демир Капија – 2, во Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци – 1, во  Охрид и Куманово 0, во Гевгелија 1 и во дојран 4 степени.

Најмногу снег, 38 сантиметри, има во Маврови Анови, 23 сантиметри во Крушево, 12 на Попова Шапка, 10 во Тополчани, осум во Пожаране и два сантиметри во Ѓуриште.

По одделни котлини има појава на магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени. 

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ