сабота, 27 јули 2024

Најстаро село во Европа е откриено на дното на Охридското Езеро

Објавено на

часот

Сподели

Ова може да е едно од најраните постојани живеалишта во Европа, објави Јуроњуз. Археолозите не можат да ја објаснат причината за ваквата заштита на живеалиштата. Населбата била со куќи на потпорни колци.

Оваа населба е неколку стотици години постара од досега познатите езерски населби во медитеранските и алпските региони. Според нашите сознанија, таа е најстара во Европа“, вели археологот Алберт Хафнер од швајцарскиот универзитет во Берн.

а

Оваа населба во Лин се испитува веќе четири години. Нивното истражување досега покажало дека во античката населба живееле меѓу 200 и 500 луѓе и дека граделе куќи на потпорни столбови над површината на самото езеро или во области кои редовно се поплавуваат.

о

Охридското Езеро е едно од најстарите езера во светот и постои повеќе од милион години. Античките жители околу езерото веројатно се занимавале со земјоделство и сточарство.Најдовме различни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни“, вели албанскиот археолог Илир Ѓепали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ