Ова може да е едно од најраните постојани живеалишта во Европа, објави Јуроњуз. Археолозите не можат да ја објаснат причината за ваквата заштита на живеалиштата. Населбата била со куќи на потпорни колци.
„Оваа населба е неколку стотици години постара од досега познатите езерски населби во медитеранските и алпските региони. Според нашите сознанија, таа е најстара во Европа“, вели археологот Алберт Хафнер од швајцарскиот универзитет во Берн.
Оваа населба во Лин се испитува веќе четири години. Нивното истражување досега покажало дека во античката населба живееле меѓу 200 и 500 луѓе и дека граделе куќи на потпорни столбови над површината на самото езеро или во области кои редовно се поплавуваат.
Охридското Езеро е едно од најстарите езера во светот и постои повеќе од милион години. Античките жители околу езерото веројатно се занимавале со земјоделство и сточарство. „Најдовме различни семиња, растенија и коски од диви и домашни животни“, вели албанскиот археолог Илир Ѓепали.