Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека се верува дека ракетна граната погодила тенк во близина на двете згради во кои тие се наоѓале, јавува Би-би-си.
Тој рече дека зградите експлодирале веројатно како резултат на мините што израелските сили ги поставиле таму за да ги урнат. ИДФ соопшти дека сѐ уште ги истражува деталите за инцидентот.
Израел се обидува да го елиминира Хамас откако вооружените напаѓачи убија повеќе од 1.300 луѓе во нападите на 7 октомври.
Повеќе од 25.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на воздушната и копнената кампања што ја почнаа Израелците, според податоците објавени од Министерството за здравство на Хамас.