сабота, 27 јули 2024

Најпреведуваната стихозбирка Бели мугри ќе биде изложена во библиотеката во Велес

Објавено на

часот

Сподели

Стихозбирката Бели мугри е отпечатена на 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во градот Самобор во Хрватска во четири илјади примероци.  Потоа била дистрибуирана по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех.

Бели мугри од Кочо Рацин е составена од 12 песни, од кои два се циклуси (со по шест и седум песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.

Некои од најпознатите песни на Рацин од оваа стихозбирка се Ленка, Денови,  Тутуноберачите, Копачите, Татунчо и други.

Основците и средношколците од земјава  овие стихови од Бели мугри по предметот македонски јазик и литература со години наназад и се уште ги учат на памет и стиховите се длабоко врежани  во меморијата и чувствата  на многу македонски генерации, посебно на велешани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ