Брендан Роџерс е 12-тиот тренер во Премиерлигата кој заработи отказ оваа сезона. Стратегот од Северна Ирска во 2021 на Лестер му ја донесе првата титула во ФА Купот, но резултатите оваа сезона се очајни па „лисиците“ решија да се разделат со најплатениот тренер во својата историја.
Поразот од Кристал Палас по кој клубот од „Кинг Пауер“ стадионот паднаа во зоната за испаѓање ја прели чашата, утрово раководството на клубот се сретнало со Брендан Роџерс и било договорено на взаемна согласност да се прекине соработката.
Па сега друг стратег во последните 10 натпревари од сезоната ќе се обиде да го спаси Лестер од испаѓање.